Австралија зафатена од топлотен бран

Од:

Поголемиот дел од Австралија е погоден од топлотен бран со температури од над 40 степени Целзиусови.

Во Порт Аугуст и Кубер Педи, во јужниот дел на Австралија вчера се измерени 46 степени, а и денеска се бележат високи температури.

Во Аделејд Хилс прогласен е екстремен ризик од шумски пожари. Во вчерашниот пожар северно од Аделејд Хилс изгореа 650 хектари шума.

Во западните и крајбрежните области на австралиската држава Нов Јужен Велс температурата на воздухот денеска надмина над 40 степени Целзиусови.

Во поголемиот дел на Сиднеј регистрирана е температура од 40 степени, а на аеродромот измерени се 41,7 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски

Австралија: Втора медицинска сестра обвинета за закани на израелски пациенти

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он