ЕУ го укина ембаргото за оружје за сириските бунтовници

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на состанокот во Брисел,се согласија да „не се обновува“ ембаргото за испорака на оружје за сириските бунтовници,што значи дека досегашната забрана,чиј рок истекува на крајот од месецов, се укинува.

Важно е дека сепак,нема одлука веднаш да се почне со испорака на оружје за силите на опозицијата во Сирија, изјави по состанокот, европскиот министер за надворешни работи Кетрин Аштон.

Ваквото решение е донесено по долги разговори за надминување на длабоките поделби и различните гледања и ставови околутоа дали на сириската вооружена опозиција,земјите од ЕУ треба да и даваат оружје и да ја вооружуваат.

Велика Британија,како најсилен заговарач за укинување на ембаргото,единствено беше поддржувана од Франција.Група земји,кои ги предводат Австрија и Чешка, остро се противат на вооружувањето на бунтовничките сили.

Тие тврдат дека тоа ке значи само „потпалување на веке запалениот оган“ стравувајки дека европското оружје ке се најде во „погрешни раце“ кај разните исламистички, милитантни групи кои војуваат како дел од здружената сириска опозиција.

Германија и уште некои земји настојуваа да се најде компромисно решение. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ја поздрави одлуката на европските министри.

– Значајно е ЕУ да му испраи јасен сигнал на режимот на Асад дека мора сериозно да преговара, како и дека сите опции остануваат отворени, ако Асад одбие да го стори тоа, изјави Хејг за британските медиуми.

Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпринделегер, меѓутоа, рече дека ЕУ ке ја задржи досегашната линија.

– ЕУ не е воено,тукумирно и мирољубиво движење, рече австрискиот министер.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он