Земјите-членки на Европската унија не постигнаа согласност за омекнување на ембаргото за оружје за Сирија, што имаше за цел да им се помогне на бунтовниците, кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад, изјави австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер.
– Со жалење изјавувам дека по продолжените преговори не успеавме да постигнеме компромис со Велика Британија и Франција, рече Шпинделегер.
Министрите за надворешни работи од ЕУ се сретнаа денеска во Брисел во обид да ги надминат разликите по ова прашање. Велика Британија и Франција инсистираат на укинување на санкциите за доставување оружје, додека Австрија и некои други членки се против тоа.