Фолксваген го презема европскиот пазар за електромобили

Од:

Најпродаваното електрично возило во Европа во октомври 2020 година е „Фолксваген ИД.3“, со испорачани 10.475 примероци. Компанијата Фолксваген, инаку, со десетлетија го имаше најпродаваниот конвенционален автомобил во Европа – моделот „Голф“, а сега, се чини, го презема водството и во областа на електромобилите.

Европскиот пазар на автомобили забележа пад на продажбата од 7 отсто минатиот месец, но во истовреме, продажбата на електромобили (хибриди и целосно електрични возила) скокна за 153 насто во споредба со истиот месец лани. На овој начин, електрифицираните возила веќе ги надминуваат дизел-возилата во продажбата.

Продажбата на чисто електрични автомобили скокна за 197 отсто од октомври минатата година. На второто место, по „Фолксваген“ е „Рено Зои“ со 9.778 продадени возила, а трет најпродаван електромобил е „Хјундаи кона електрик“ со 5.261 возила.

На место број 4 е „КИА e-Ниро“ (3.868 продадени автомобили), а петти е „Пежо e-208“ (3.757 автомобили). Меѓу првите 10 се „Смарт-фор-ту“, „БМВ ај-3“, „Опел-воксал корса“, „Мини купер СЕ“ и „Нисан лиф“.

Интересно е што моделите на Тесла не се меѓу првите десет најпродавани електромобили.

Би можело да ве интересира

„Сони“ најави компанија за електромобили

Ана Ололовска

„БМВ“ го продаде милионитиот електромобил

Ана Ололовска

Нова „батерија на иднината“ за електромобили

Ана Ололовска

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот

Ана Ололовска

Норвешка е прва во светот според купени електрични автомобили

Ана Ололовска

По 2035 година, Јапонија останува без автомобили на бензин

Ана Ололовска