Британската полиција уапси десетици осомничени во рамки на истрагата за убиството на британскиот војник на улица на Лондон, во очигледен напад на исламистички екстремисти минатата среда.
Педесет годишен маж е уапсен денеска источно од Лондон под сомнение за учество во заговорот за убиството на 25-годишниот Ли Ригби. Полицијата не соопшти други детали за индентитетот на уапсените.
Ригби бил во близина на касарната во лондонскиот регион Улич минатата недела, кога бил прегазен од автомобил, а потоа повеќе пати прободен од ножеви и сатари.
Полицијата претходно уапси деветмина осомничени, меѓукои двајца се сметаат за главни за злосторството, Британци со нигериско потекло, кои беа прострелани на местото на убиството и се наоѓаат во болница, каде се чуваат со вооружено обезбедување.
Околу илјада приврзаници на крајнодесничарската организација „Англиска лига за одбрана“ минаа денеска низ центарот на Лондон. Демонстрантите скандираа „Муслимани убијци – одете си од нашите улици“.