По тешката победа над Даниел Брандс во првото коло, Рафаел Надал изјави дека тенисот е чист спорт, во поглед на допингот.
-Мислам дека постојаното повторување на тоа прашање не носи добро во спортот. Можеби би било добро решение контролите да бидат јавни, сите да знаат кој и колку се проверува. Но, мислам дека не мора многу да се занимаваме со таа тема бидејќи тенисот е чист спорт, нема многу случаи на допинг и често не контролираат-истакна тој
Коментирајќи го натпреварот со Брандс, Надал изјави дека очекувал од него одличен сервис, но мислел дека ќе може мирно да игра од основната линија.
-Се обидував цело време да пронајдам решение и успеав во тај-брејкот во вториот сет, кога беше најважно-заклучи тој.
Во второто коло Шпанецот ќе игра против Словенецот, Мартин Клижан.
Елена Георгиевска