Турски суд осуди на доживотен затвор дел од обвинетите за обидот за воен удар

Од:

Турски суд изрече повеќе доживотни казни затвор за некои од речиси 500 лица на кои им се суди за обидот за воен удар во 2016 година.

Анадолија јави дека 25 пилоти на Ф-16 се осудени на доживотен затвор под строг режим, а четворица цивили т.н. имамите од групата ФЕТО обвинети за пучот добија по 79 доживотни казни затвор.

Судскиот процес, во кој се обвинети 475 лица, од кои 365 се во притвор, се однесува на настаните од ноќта на пучот во воздухопловната база Аканчи во Анкара.

Базата беше во центарот на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година, бидејќи пучистите воспоставија свој команден центар за координација на нападите.

Четворицата „цивилни имами“ и војници се обвинети за кршење на уставот, обид за атентат врз претседателот и намерно убиство на десетици луѓе.

Според турските власти, групата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен со седиште во САД стои зад обидот за државен удар. Во пучот загинаа повеќе од 250 лица, а околу 2.200 беа повредени. Движењето на Ѓулен е признато како терористичка организација во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски