Русија успешно тестирала хиперсонична ракета „Циркон“ во Белото Море, која, откако прелетала 450 километри, погодила цел во Баренцовото Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
– За време на летот, ракетата разви брзина поголема од осум маха, односно околу 10.000 километри на час, велат од Министерството.
Хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ за првпат беше тестирана на почетокот на октомври.