Зборот „ислам“ испишан врз споменици од Втората светска војна во Лондон

Од:

Непознати лица во текот на минатата ноќ со црвена боја го испишале зборот „ислам“ врз два споменици од Втората светска војна во строгиот центар на Лондон.

Скотланд Јард соопшти дека станува збор за Споменикот на хероите на Кралско воено воздухопловство (РАФ) во Грин Парк, како и за Паметникот посветен на животните кои ги користеле војниците во воените операциите на булеварот „Парк Лејн“, кои имаат и помали оштетувања.

Полицајци денеска ги чуваат и двата споменика, а врз оној посветен на пилотите-херои на РАФ е поставена е пластична заштита за да се покрие целиот текст.

Претставник на полицијата потврди дека засега никој не е уапсен. Тој изјави дека е покрената истрага за да се утврди дали вандалскиот чин е дело на исламисти од редовите на британската муслиманска заедница или зад пораките на спомениците се кријат припадници на крајната десница во обид да потикна антимуслимански чуства и омраза.

london-spomenici-islam1

Претходно, непознати лица фрлија повеќе молотови коктели врз џамии во разни делови од Лондон и внатрешноста, но без да предизвикаат некоја штета. Ваквите инциденти зачестија по бруталното убиство на британскиот војник Ли Ригби од страна на двајца британски муслимани со нигерсиско потекло.

Градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон повика на мир и спокојство, предупредувајќи дека има сили кои сакаат да ја нарушат верската и расна толеранција во британскиот главен град, користејќи го убиството на војникот Ригби.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот