Вељаноски-Миков: Македонија и Бугарија да продолжат да ги негуваат добрососедските односи

Од:

Република Македонија сака да го продолжи континуитетот на средбите на највисоко државно ниво со Бугарија и со претставници од институциите, со цел да се зголеми меѓусебното почитување и взаемна поддршка, истакнал претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на билатералната средба со неговиот бугарски колега Михаил Миков на маргините на 10. Конференција на претседателите на парламентите на Процесот за соработка во ЈИЕ.

Вељаноски и Миков разговарале за подобрување и негување на добрососедските односи, но и за економската соработка, и за изградбата на Коридорот 8, кој е од особено значење за двете земји, но и за целиот регион. Договорено е претседателите на четирите парламенти на Македонија, Бугарија, Албанија и на Италија да напишат заедничко писмо до претседателот на Европскиот парламент и да побараат во среднорочниот финансиски план на Унијата за 2014-2020 да бидат обезбедени средства за Коридорот 8.

Претседателот на бугарскиот Парламент, Миков ја истакнал поддршката на Бугарија во остварувањето на евроатлантските интеграции на Македонија.

На средбата со претседателот на турското Големо народно собрание Џемил Чичек било нагласено дека Македонија и Турција имаат редовна и успешна соработка, особено меѓу парламентите на двете држави. Вељаноски и Чичек исто така изразиле и задоволство од севкупните македонско-турски политички односи, кои се на највисоко можно ниво и се карактеризираат со духот на традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, толеранција и активна соработка.

Претседателот на македонското Собрание се заблагодари за учеството на турската делегација на конференцијата и истакна дека од неа ќе произлезат многу позитивни заклучоци кои ќе бидат од големо значење за целиот регион и пошироко. Меѓу темите на двајцата соговорници беа и економската соработка, како и други видови на соработка.

На маргините на 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието Вељаноски оствари средба и со заменик-претседавачот на Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина, Милорад Живковиќ.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, двајцата соговорници на средбата беа согласни дека парламентарната соработка во изминатиот период не е на посакуваното ниво.

Од 2009 година немало средба на највисоко парламентарно ниво. Договорено е во најскоро време да биде организирана посета.

Живковиќ на средбата информирал за состојбата во БиХ, за предизвиците со кои се соочува земјата и за проблемите во евроинтеграциските процеси.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти