Вториот дел од книгата „Власите низ историјата на Градот Скопје” од Мирјана-Јана Николовска-Неделковска е објавена во чест на празникот 13-ти ноември, денот на ослободувањето на Скопје.
Книгата е двојазична на македонски и на влашки јазик, без нормативна димензија. Самиот материјал/содржина е своевиден практичен показател на личностите Власи и од влашко потекло кои твореле/ат и битисувале/аат во мултијазичното и мултикултурното Скопје. Нивното место, улогата и учеството во голем број историски процеси во периодот пред и по Илинденското востание и периодот на НОВ, кои многумина од нив биле и основачи на КПМ и носители на Партизанска споменица 1941,
Власите беа дел и од процесот на создавањето на НРМ и независна Македонија (1991). Нивниот придонес продолжува и во современите општествено-економски и политички текови на градот и на целата земја. Впрочем за тоа сведочи и самата содржина, во која самите учесници ја раскажуваат нивната лична приказна и приказната на нивните семејства, вели авторката на книгата.