АДКОМ: Навремена е одлуката на Владата за одобрување на 144.260.500 денари за 89 јавни комунални претпријатија

Од:

АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија, ја поздравува одлуката на Владата за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во износ од 144.260.500 денари на 89 јавни комунални претпријатија-членки на Здружението.

Ова, како што посочуваат од АДКОМ, е значајна мерка од Програмата за справување со КОВИД–19 кризата како еднократна финансиска помош и ќе значи голема поддршка и помош за надминување на тешката материјална состојба во претпријатијата.

– Оваа одлука на Владата доаѓа по средбата на претставниците на АДКОМ со премиерот Зоран Заев, на која го запознаа со тешката финансиска состојба на комуналните претпријатија и актуелните проблеми кои се однесуваат на даночни и друг вид финансиски олеснувања и субвенции со цел да ја подобрат ефикасноста на своето работење, наведуваат од АДКОМ.

АДКОМ, додаваат, го отвори и прашањето Владата, во соработка со државните институции, да најде решение за отпис на каматите за долгови што ги имаат јавните комунални претпријатија кон државните институции.

– Јавните комунални претпијатија, во изминатиот период за време на пандемијата, ги прават сите неопходни чекори за безбедно работење и обезбедување на здрава вода за пиење и чиста животна средина во интерес на граѓаните. Премиерот и ресорните министри изразија цврста волја да им се даде силна поддршка во претстојниот период, а тоа се реализира со одлуката донесена на 24 седница на Владата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?