ЕУ и натаму против британската идеја за укинување на ембаргото за оружје за сириските бунтовници

Од:

Земјите од ЕУ и натаму не потклекнуваат на силниот притисок на Велика Британија за укинување на ембаргото за испорака на оружје за бунтовниците во Сирија, оценувајќи дека една таква мерка само ќе го потикне натамошното крвопролевање во земјата.

Противниците на британскиот план за укинување на ембаргото се загрижени од можноста оружјето да падне во „погрешни раце“, а посебно да се најде кај милитантните исламисти кои се борат во редовите на бунтовниците за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад. За земјите на ЕУ кои не се согласуваат со позицијата на официјален Лондон, доставувањето оружје за сириските бунтовници би значело „долевање бензин на распалениот оган“.

Категорично против идејата на Лондон се Чешка, Австрија, Холандија, Шведска и Финска, а зад британскиот предлог засега стои само Франција. Германија, пак, се обидува да обезбеди некакво компромисно решение.

Нема сознанија што нуди германскиот компромис, но британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг тврди дека решението за укинување на ембаргото не значи автоматски ново разагорување на војната, туку дека напротив ќе помогне за забрзување на мирното решавање на конфликот во Сирија. Според Хејг, кога „борците од сириската опозиција добро ќе се вооружат и ќе станат рамноправен противник на фронтот“, тогаш „режимот на Асад побрзо ќе прифати да преговара за мирен крај на конфликтот“.

Таквата логика не ја прифаќаат противниците на доставувањето оружје за сириските бунтовници, сметајќи дека тоа може лесно да се најде во рацете на борците на милитантната исламистичка група Џабхат ал Нусра, која и сега е најдобро вооружена и која е најјакиот противник на сириските владини сили.

Против планот на Владата во Лондон е и британската опозициска Лабуристичка партија. Нејзиниот претставник Даглас Александар за „Гардијан“ изјави дека во планот на Хејг нема нити правна, а ниту политичка мудрост. Тој потсетува дека загриженост за тоа кој се учествува во сириската војна на страната на бунтовниците, веќе е истакната од сите партии во британскиот Парламент за време на поседната дебата за Сирија.

Британскиот премиер Дејвид Камерон не успеа да го убеди американскиот претседател Барак Обама да прифати вооружување на сириската опозиција, а уште помалку да се покрене меѓународна воена интервенција. Даглас Александар верува дека Камерон не може да ја добие поддршката и на европските сојузници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ