Сестрите Венус и Серена Вилијамс го освоија трофејот, на третиот Грен Слем годинава. Американските тенисерки ги совладаа тенисерките од Чешка, Луција Храдецка и Андреа Хлавачкова со 7-5, 6-4.
Ова е нивна 5-та заедничка титула на Вимблдон.
Серена оваа година дојде до двоен трофеј. Само неколку саати порано, во женското сингл финале ја победи Агњешка Радванска.