Во издание на „Публикации“ од Скопје во рамки на програмата на Министерството за култура за проекти од национален интерес објавена е најновата книга со поезипќја за деца „А треба да кажам“ на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.
Делата содржани во книгата се наменети за деца до десетгодишна возраст, а претставуваат надоврзување на текстовите објавени во претходната книга „Збороигри 2“.
Инаку, ова е петта по ред книга на Димоски наменета за најмладите читатели. Претходно се објавени делата „Алиса“, „Кристален сон“, „Збороигри“, „Стихотека“ и „Збороигри 2“.