Публиката од Гевгелија незадоволна од обезбедувањето на финалниот натпревар Кожув – МЗТ

Од:

Големиот пресинг понегативата од три спрема нула за гевгелискиот тим Кожув, на синоќешната четврта средба со МЗТ Скопје, предизвика искри кај публиката и судир меѓу двата навивачки тима „Фемили“ од Скопје и „Фантоми“ од Гевгелија, поради што натпреварот беше прекинат во 34 минута, а публиката избркана надвор.

publika-gevgelija

На ваквиот гест на обезбедувачите бројни реакции на социјалните мрежи искажаа членовите на навивачката група „Фантоми“ и голем дел од домашната публика. Првите обвинуваат дека биле удирани од домашното обезбедување, а вторите дека биле несигурни меѓу толпата народ што останала надвор, пред спортската сала „26 април“. Никој не заминал во очекување на драматичното финале и неизвесноста дали со победа Кожув ќе го продолжи патот кон врвот на Македонската кошаркарска лига, или МЗТ ќе триумфира на гостински терен.

publika-gevgelija1

Во реакциите се вели: „со вакво обезбедување неможеш дете да однесеш на натпревар, зашто незнаеш што ќе те снајде“. Друг вели дека „обезбедувањето наместо по магарето удрило по самарот“, алудирајќи дека наместо виновниците за инцидентот биле неоправдано удирани другите присутни во салата, па и деца.Трет потенцира дека на секој натпревар има поплаки до организацијата, додавајќи дека за  обезбедувањето приоритет е: „само да нè изнесете надвор од салата, а надвор никој не ни гарантира ништо“. Истиот граѓанин заклучува дека „ако ни се закануваат и нè тепаат нас, така ќе тепаа и други“.

publika-gevgelija2

Обезбедувањето на спортските настани  и кошаркарските дуели на гевгелиски „Кожув“ во спортската сала „26април“ го вршеше приватната агенција „Гел-Гери“, која воедно е и вршител на обезбедувањето на Општина Гевгелија, која е носител на главниот акциски пакет на А.Д.Кожув по трансформацијата на спортското друштво „Кожув“.

Навивачката група Фантоми драматично го доживеа исфрлувањето од домашната сала, дотолку повеќе што нивниот миленик КК Кожув во првото финале од својата клупска историја во Македонската кошаркарска лига загуби на домашен терен со само четири поени разлика (89-93). Тие сметаат дека нивната поддршка беше огромен недостаток за финалниот дуел на нивниот клупски миленик.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ