Сампрас: Федерер е фаворит во финалето на Вимблдон

Од:

Легендарниот американски тенисер, Пит Сампрас прогнозира дека швајцарецот Роџер Федерер е фаворит во мечот против Британецот Енди Мареј во финалето на Вимблдон.

„Федерер секогаш бил и ќе биде фаворит на Вимблдон, поради начинот на кој игра и смиреноста при сервисот.Ми се допаѓа неговиот стил,многу е елегантен .Очекувам голем меч, Мареј ќе има шанси ако биде агресивен и ако му тргне сервисот“, рече Сампрас.

Федерер доколку слави денеска , ќе го престигне Сампрас по бројот на недели поминати на првото место на АТП листата и ќе се изедначи во бројот на освоени титули на Вимблдон (седум).

„Навикнав Федерер да ги урива моите рекорди. Тој е голем шампион, голем играч. Кога веќе некој мора, се надевав тоа да биде некој како него. Можеби ми е полесно, бидејќи рекордите ги урива некој кој ми се допаѓа и кого го сметам за пријател“, рече Сампрас.

Тој додаде дека швајцарецот е сеуште гладен за успеси и верува дека и во наредните години ќе конкурира за титули на најголемите турнири.

Финалето на Вимблдон помеѓу Федерер и Мареј е денеска во 15 часот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех