Иран распоредил значително количество лансирни рампи за ракети со голем дострел, јави иранската државна телевизија.
– Новите компоненти, доставени на ирански воени единици, ќе им дадат можност „да го уништат непријателот“ прекумасовен истовремен напад со ракети земја-земја со голем дострел, изјави иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди.
Телевизијата прикажа кадри на кои Вахиди врши инспекција на 25 лансирни рампи на отворени без монтирани ракети. Од прилогот не станува јасно каков тип се ракетите.
Се претпоставува дека некои од ракетите земја-земја, со кои располага Иран се со дострел од над 2.000 километри.
Вахиди изјави дека Иран не се подготвува да започнува војна и истакна дека распоредувањето на новите лансирни рампи има одбранбен карактер.