Канадската влада го одби барањето на НБА-тимот Торонто Репторс да игра кошаркарски натпревари во претстојната сезона во матичниот град поради пандемијата на коронавирусот.
Таквата одлука е донесена затоа што во САД „вирусот Ковид-19 е премногу распространет“ за да се дозволи патување преку границата, кое не е неопходно.
Според локални медиуми, постои можност во одреден момент следната година, таа одлука да биде преиспитана.
Натпреварите од сезоата 2020/2021 ќе ги играат во Тампа на Флорида, соопштија од клубот.