ВИДЕО: Коце Трајановски утрово промотивно возеше велосипед

Од:

Под мотото „Возете велосипед!“ низ улиците на Скопје денеска се одржа промотивно возење на велосипеди.

Манифестацијата на која учествуваа голем број на граѓани и вљубеници во велосипедот беше организирана од Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија.

Во возењето на велосипеди учество зедоа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Сашо Димитриоски, кои изјавија дека целта на ова промотивно возење е промоција и популаризација на велосипедот како рекреативно и алтернативно превозно средство, чие масовно користење има голем број на позитивни придобивки.

– Градот Скопје посветува големо внимание за подобрување на условите за користење на велосипедот во Скопје, преку реализација на голем број на проекти во насока на подобрување на инфраструктурата за возењето на велосипеди во Скопје. Моја заложба е вакви промотивни возења на велосипед со алтернативни траси да се возат најмалку еднаш во месецот, изјави Трајановски.

Скопскиот градоначалник потенцираше дека возењето на велосипед има голем број на придобивки. – Велосипедот е еколошко превозно средство кое не загадува, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж и има финансиски бенефити, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан