Британија: Државни хакери ќе напаѓаат криминалци и терористи

Од:

Велика Британија денеска соопшти дека е формирана Национална кибер-единица составена од владини хакери кои ќе изведуваат компјутерски напади врз криминалци, терористи и непријателски држави.

Британските медиуми јавуваат дека оваа хакерска единица, која од годинава е оперативна, се состои од експерти од британските вооружени сили и разузнавачката агенција на државниот комуникациски штаб (GCHQ).

-Националната кибер единица „ги обединува разузнавачките и одбранбените способности за да ја трансформира способноста на Велика Британија да се бори против противниците во кибер просторот, изјави директорот на GCHQ, Џереми Флеминг.

Официјалните лица одбија да разговараат за специфичните цели или операции на единицата, но велат дека нејзината работа може да вклучува прекин на терористичките мрежи за комуникација, уривање на организирани криминални групи и оневозможување на непријателските вооружени системи.

Би можело да ве интересира

МВР: Активно преземаме мерки за истраги и справување со „фишинг“ нападите

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори