Токио прогласи највисока тревога поради рекорден број случаи на Ковид-19

Од:

Јапонскиот главен град Токио денеска прогласи највисоко ниво на тревога поради коронавирусот, затоа што во претходниот ден се регистрирани рекордни 500 нови случаи.

Гувернерката на Токио, Јурико Којке предупреди дека ситуацијата ќе биде многу полоша доколку не се реагира.

Највисокото ниво на тревога на скалата од четири покажува дека вирусот се шири, додека претходното ниво на предупредување значи дека „заразата почнува да се шири“.

Во Токио денеска се регистрирани 534 новозаразени со коронавирусот, а во целата земја таа бројка изнесува 2.201 нови болни за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами