Во предградијата на Стокхолм претежно населени со имигранти, по мирната ноќ, утрово повторно се палени автомобили, соопштува шведкста полиција.
Нередите избувнаа како резултат на убиството на 69-годишен маж во Хусби каде што речиси 80 отсто од населението го сочинуваат имигранти.
Локални активисти тврдат дека убиството предизвикало гнев кај младите имигранти кои велат дека се жртви на полициската бруталност и расизам.
Полициската патрола во Ворберг, предградие во јужен Стокхолм, била нападната со камења, но за сега повредени нема.
Шведската полиција соопштува дека и во предградието Јордбро имигрантите со камења ја напднала полицијата, која во обид да ги упаси, била принудена да употреби и солзавец.
Безбедносните мерки во Стокхолм се засилени, а Велика Британија и Франција веќе изадаоа предупредување за поголема внимателност за граѓаните што ќе патуваат таму.