Сан Антонио остварија уште една победа по продолжение во финалето на Западот откако го совладаа Мемфис на негов терен со 104:93 и поведе со 3:0 во добиени натпревари, а во историјата на НБА ниту еден тим нема направено пресврт од 3:0.
„Големата тројка“ на Сан Антонио Тони Паркер, Тим Данкан и Ману Џинобили постигнаа вкупно 69 поени. По слабиот почеток и реализација, Сан Антонио како одминуваше натпреварот ја подобруваа реализацијата.
Данкан постигна седум поени во продолжението.
Следниот натпревар се игра во понеделник навечер, а вечерва се игра натпреварот број 3 Индијана – Мајами (1-1 во победи).