Британската полиција уапси уште три лица на возраст од 24, 28 и 21 година, за кои се верува дека се поврзани со заверата за убиство на британскиот војник Ли Ригби, јавуваат британските медиуми.
Ригби, кој во 2009 години служел во Авганистан во составот на НАТО и кој има двогодишен син, во средата, среде ден, на улица за мачета и сатара го убија две момчиња, кои на насобраните поминувачи им рекле дека тоа го прават како чин на одмазда поради военото учество на Лондон во муслиманските земји.
Полицијата набрзо пристигна на местото на нападот, ги рани напаѓачите, кои сега се во болница и се надвор од животна опасност.
Се верува дека двајцата напаѓачи, Мајкл Адеболаџо и Мајкл Адебовале се Британци со нигериско потекло.
Премиерот Дејвид Камерон апелираше на мир, а на улиците на Лондон испратени се дополнителни 1 200 полицајци.