Нови фасади за старите згради, се шири барокот во Скопје?

Од:

Објектите на булеварот Илинден, плоштадот Карпошово востание и Кејот станува се поизвесно дека ќе добијат нови фасади откако градоначалникот на Скопје Коце Трајановски побарал од Советот, во соодветната програма да бидат вметнати и овие објекти.

Во образложението на предлогот кој советниците ќе го разгледуваат на следната седница, стои дека потребата за овие градежни зафати е поради дотраеноста на фасадите на градбите на тие локации, објави Алфа.

„Заради нивната состојба има ургентна потреба од реконструкција и доградба на повеќето од објектите. Објектите се со сериозно оштетени фасади, а кај некои од нив е потребна и санација на конструктивниот систем“, се вели меѓу другото во образложението на Градоначалникот Коце Трајановски до Советот.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје