Чарши-џамијата во Прилеп сè уште чека за реставрација

Од:

Чарши-џамијата во Прилеп, изградена во 1475 година и заштитена како споменик на културата, беше запалена по протестите по загинувањето на бранителите на Карпалак во август 2001 година.

Во 2004 година Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ побара стопирање на обновата на џамијата во центарот на градот, нагласувајќи дека постојат повеќе културни и историско- научни проблеми кои, се причина за ова нивно барање, притоа потенцирајќи дека можеби џамијата е изградена на темели од црква, податок пронајден во книгата „Прилеп и неговата околина“ од Јован Хаџи-Васиљевиќ, што до ден-денес сè уште не е докажано.

Прилепскиот муфтија Мустафа Топаловски веќе 12 години се клања во импровизирана џамија, истакнувајќи дека му е жал за жртвите од македонската армија, меѓу кои имаше и православни и муслимани, но и дека му е тешко што властите сè уште ја немаат обновено Чарши- џамијата, запалена пред повеќе од една деценија.

Во Прилеп околу 8% од граѓаните се од исламска вероисповед. Дијалогот помеѓу ИВЗ и премиерот е прекинат во 2010 година, кога од негова страна беше ветено дека реконструкцијата на џамијата во Прилеп ќе започне до крајот на таа година. Одлагањето на обновата на џамијата од страна на властите беше една од причините што Исламската верска заедница го бојкотираше учеството на Светската конференција за меѓурелигиски дијалог во Скопје.

За реконструкцијата на џамијата е задолжен Националниот конзерваториски центар, кој сè уште чека дозвола за реставрирање. Нејзината обнова ќе чини околу 240 000 евра. За потребите на верниците од исламска вероисповед минатата година во октомври беа поставени темелите на новата џамија во населба Тризла, каде што има концентрирано муслиманско население. Изградбата е во тек и се собираат донации за нејзина доизградба.

Жителите на Прилеп од православна вероисповед сметаат дека е неопходна реконструкцијата на џамијата како културен споменик и да биде уредено лицето на градот, кое моментално се гуши во смет, за што придонесуваат контејнерите со отпадоци поставени токму пред џамијата.

А.Ш

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај