Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот

Од:

Цирих и Париз ги потиснаа Сингапур и Осака од водечките места на новата ранг-листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонг Конг, со којшто го делат првото место.

Неодамнешното истражување на британски „Економист“ за трошоците за живот, покажува дека корона-пандемијата влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од 130 градови до септември 2020 година. Според извештајот, скокот на Цирих и Париз на прво место се должи на зајакнувањето на швајцарскиот франк и еврото.

– Пандемијата на Ковид-19 предизвика слабеење на американскиот долар, додека западноевропските и азиските валути зајакнаа во однос на тоа, што резултираше со зголемување на цените на стоките и услугите, вели Упасана Дут, раководителка на истражувањето.

Трошоците за живот во Њујорк се користат како основен параметар за пресметување на овој индекс.

„Во Сингапур, којшто сега е на четврто место, забележан е пад на цените поради напуштањето на странските работници. Самото население на овој град-држава се намали за првпат по 2003 година, па и побарувачката падна и се појави дефлација. Сличен тренд е забележан и во Осака (Јапонија), каде потрошувачките цени стагнираат, а јапонската Влада субвенционира цени, на пр. во јавниот превоз”, се вели во извештајот.

Осака го дели петтото место со Тел Авив. Следуваат Женева и Њујорк, па Копенхаген и Лос Анџелес ги заокружуваат првите десет во светот, според трошоците за живот.

Цените на повеќето производи и услуги останаа главно непроменети оваа година, освен некои категории. Цените на основните намирници, како што се храната и водата, беа стабилни, но слабата побарувачка доведе до голем пад на цените на облеката.

Според Дут, ваквите трендови може да продолжат и во 2021 година, бидејќи потрошувачката е сè уште ограничена, што претставува притисок врз цените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

Масовни протести на Американците против Трамп

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“