Продолжуваат нереди во Шведска

Од:

Во предградието на Шведска, шести ден по ред се случуваат нереди, а локалните жители сметаат дека тоа е поради дискриминација и високата стапка на невработеност.

Неколку автомобили синоќа беа запалени, а полицијата соопшти дека избил пожар и во едно училиште.

Портпаролот на полицијата Кјел Линдгрен изјави дека ситуацијата започнала да се смирува, по доаѓањето на полициско засилување од другите градови.

Претходните денови мета на демонстрантите беа културни центри, училишта, дом за стари лица и слично.

Нередите започнаа откако полицијата уби еден 69-годишен човек во предградието на Стокхолм при апсење. Полицијата тврди дека човекот ги нападнал со нож, а демонстрантите пак велат дека тоа се случи поради прекумерна употреба на сила.

На социјалните мрежи е наведено дека дури 24 проценти од младите имигранти во предградието каде што дојде до немири, се невработени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица