Скандал во Американската извидничка организација – 92.000 деца биле сексуално злоставувани

Од:

Американската извидничка организација (The Boy Scouts of America – BSA) ќе се соочи со најмалку 92.700 пријави за сексуално злоставување, изјави еден од адвокатите на жртвите.

Џил Гејл (58) кој живее во Лос Анџелес, но пораснал во Алабама, изјави дека двапати бил злоупотребуван како извидник во текот на 1970-тите. Тој оцени дека бројот на луѓе што се пријавуваат покажува дека постои свесност за тој проблем во БСА. Гејл исто така верува дека овој проблем ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе спречи други деца да бидат злоупотребени.

Тој вели дека напорно работел обидувајќи се да им помогне на жртвите и посочи дека сака да се јават што повеќе мажи кои биле злоставувани.

Еден од адвокатите, Ван Арсдејл, рече дека комуницирал со илјадници жртви на злоупотреба.

– Врз основа на она што го слушнавме од жртвите, сексуалното злоставување било ритуал сличен на другите задачи каде децата морале да извршуваат одредени должности за да ги стекнат посакуваните значки за заслуги, рече Арсдејл.

Организацијата Boy scouts of America постои 110 години и, по бројните обвинувања низ целата земја за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот за да избегне директна наплата на штета и истовремено овозможи исплата од фондот за компензација.

Кога го поднесе барањето за банкрот, БСА соопшти дека ги осудува случаите кога поединци ја користеле програмата со цел злоупотреба на невини деца.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија