Џон Мекинро смета дека Надал е апсолутен фаворит на Ролан Гарос и дека единствениот кој може некако да му парира на Шпанецот е Новак Ѓоковиќ.
– Доколку не се случи нешто непредвидено, тешко дека некој може да го сопре Надал, освен Ѓоковиќ. Единствено што може да му се случи е да паднe на псхички план, бидејќи Надал долги години го освојува Ролан Гарос, – изјавил Мекинро.
Надал по неговото враќање на тениските терени освои шест титули, а играше уште во две финалиња.
– Лесно можете да кажете дека тој е најдобриот тенисер на сите времиња. Многу сум импресиониран од начинот на кој тој се врати на теренот, како воопшто и да не отсуствувал- додал Американецот.
Надал на Ролан Гарос има фанстастичен скор од 52 победи и само еден пораз и тоа од Робин Содерлинг во 2009.