Фестивалот КРИК продолжува со онлајн-предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих

Од:

Петтото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура продолжува утре со онлајн-предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на тема: „Фетишизмот и секојдневието“ од 20 часот со пренос во живо на фејсбук-страницата на КРИК. Предавањето ќе биде на англиски јазик, а по него ќе се одржи и дискусија со Хајнрих со модераторот Артан Садику.

Михаел Хајнрих е политолог во Берлин. Ги објавил „Вовед во трите тома на Марксовиот капитал“ (2012) и „Карл Маркс и раѓањето на модерното општество“ (2019), што претставува почеток на серија од четири тома за биографијата на Маркс и еволуцијата на неговите дела.

Со неговото предавање почнува третиот дел на КРИК 05, кој оваа година програмата ја почна во јуни. Во првиот дел гостуваа Франко Берарди Бифо, Џули Реше, Светлана Слапшак, Томислав Медак и Алфредо Саад Фиљо, во вториот покрај теориски излагања и дискусии на Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Станимир Панајотов, Артан Садику, Небојша Вилиќ, Јованка Попова и Натали Р. Павлеска, се одржа и проекција на фотографскиот филм „Сето време е сето време“ на Иван Блажев, како и концерт на Кабадајас.

Темата на годинашниот КРИК е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ преведена на македонски јазик и објавена од „Контрапункт“.

Би можело да ве интересира

КРИК – фестивал за критичка култура

Со промоција на книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику завршува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Ана Ололовска

Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“

Ана Ололовска

Изложба „Сенките на занаетите“ од турскиот уметник Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот КРИК

Ана Ололовска

Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК, вчера покрај трпеза познати уметници и писатели говореа за демокртијата

Ана Ололовска

„Гозба или за љубовта” на КРИК 07 – уметници и писатели ќе говорат за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото

Ана Ололовска