Објавена книгата „Раѓањето на мултипартизмот“ од Ѓорѓи Спасов

Од:

Издавачката куќа „Слово“ ја објави книгата „Раѓањето на мултипартизмот: страници од македонската политичка историја“ од д-р Ѓорѓи Спасов, која ја следи појавата и развојот на мултипартизмот во македонските околности, создавањето и делувањето на политичките партии и обликувањето на демократскиот амбиент.

– Авторот ги анализира тешкотиите и нејаснотиите со кои се соочуваат политичките партии, трендот на политизирањето на политичката сфера, дефицитарноста на демократизмот внатре партиите, етничкиот момент во развојот на мултипартизмот и воопшто одликите на мулипартизмот кај нас од почетокот до најновите денови. Притоа, македонскиот мултипартизам Спасов го разгледува и во пошироката бившојугословенска, европска и источноевропска слика и сите тие процеси во оваа студија добиваат научна експликација, соопшти „Слово“.

Издавачот наведува дека во последниве три години, покрај колумните со кои се појавува во медиумите и оваа студија , Спасов ги објави и книгите „Зад маската на патриотизмот: анатомија на еден авторитарен режим“ и „Политичкиот, предизвик на социјалдемократијата: македонски искуства“.

Би можело да ве интересира

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков

Во Вевчани ќе биде промовинарана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски

„Македонска историска читанка“ – нова книга на публицистот Иван Глигоровски

А1он

Промовирани две книги од Славе Катин во Торонто

А1он

Промоција на „Математичка поезија“ од Даниела Андоновска-Трајковска