Спасовски: Лажна вест е дека сум хоспитализиран на приватна клиника

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше позитивен на Ковид-19, вечерва соопшти дека се чувствува добро и оти по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот е во својот дом во Куманово. Спасовски, на својот профил на Фејсбук, напиша дека се шират лажни вести за неговата здравствена состојба и дека од вчера е хоспитализиран во приватна клиника.

-Драги пријатели, дел од порталите шират лажна вест за мојата здравствена состојба и мое наводно хоспитализирање вчера во приватна клиника. Сакам да ве известам дека се чувствувам добро и по престојот во Инфективната клиника во Скопје од понеделникот сум во својот дом во Куманово. Значи, ова е уште една лажна вест, пишува министерот за внатрешни работи.

Како што наведува, тој им е бескрајно благодарен на нашите здравствени работници кои му помогнале, а им помагаат и на илјадници други наши сограѓани за да се справиме со коронавирусот.

-Тие се нашите херои и навистина е несфатливо како некој во вакво време се обидува да ги девалвира. Ви благодарам и на сите вас кои постојано ми пишувате и ми изразувате поддршка. Заеднички ќе се справиме со коронавирусот, а јас наскоро ќе им се вратам на своите работни обврски, пишува на својот профил на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансиката полиција, осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски

(ВИДЕО) Спасовски: Ќе поднесеме кривична против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи

Горан Наумовски

Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Спасовски: Заради пропусти на власта Пазарниот инспекторат не може да ги казнува маркетите

Катерина Ѓуровски