Во БиХ 1.275 новозаразени, за 24 часа починале 49 лица

Од:

1.275 нови случаи на зараза со коронавирус беа потврдени во Босна и Херцеговина во саботата, а 49 лица починаа, вклучувајќи го и поранешниот премиер Хасан Муратовиќ.

За време на војната во БиХ, тој беше министер во повеќе влади, и премиер во периодот од 1996 до 1997 година. Потоа беше назначен за амбасадор на неговата земја во Хрватска, по што се посвети на својата академска кариера и беше ректор на Универзитетот во Сараево.

Само во болниците во Сараево, во моментов се лекуваат повеќе од 360 лица со Ковид-19, а над 6.000 лица се заразени во главниот град на БиХ.

Од избувнувањето на епидемијата во март, 1.858 лица починаа како резултат на зараза со коронавирус во БиХ, а потврдени се повеќе од 71.000 случаи на заразени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски