Европскиот комесар за проширување Штефан Филе денес во Даблин изјави дека договорот помеѓу Србија и Косово ја промени перспективата на целиот Западен Балкан и го приближи регионот кон ЕУ.
-Србија и Косово постигнаа историски договор-истакна Филе на конференцијата за европска интеграција на Западниот Балкан.
Тој им порача на државите од регионот да се насочат кон засилување на владините права и надминување на економската криза, но не треба да го занемарат ниту процесот на помирување и воспоставување добрососедски односи.
Елена Георгиевска