Охридската полиција поднесе кривична пријава против продавач на билети на Самоиловата тврдина, кој во период од повеќе од десет месеци минатата година присвојувал дел од прометот.
„Во период од 07.02.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице-продавач на билети на локалитетот Самоилова Тврдина при НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј“-Охрид, пријавениот Д.С.(36) од Охрид, дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил
констатиран кусок од продажба на штета на НУ„Завод за заштита на споменици на културата и Музеј“-Охрид,“ се вели во соопштението од полицијата.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, додаваат од СВР Охрид.