Ждрепката одлучи: Ѓоковиќ и Надал нема да играат во финалето на Ролан Гарос

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат еден против друг во полуфиналето од вториот Грен слем во сезоната, Ролан Гарос.

Со оглед на тоа што Енди Мареј го откажа својот настап во Париз, задачата на Швајцарецот Роџер Федерер е значајно олеснета, а Надал и Ѓоковиќ се на иста страна во ждрепка за еден Грен слем првпат по 2010 година.

Сепак, најдобриот светски тенисер и на патот до полуфиналето ќе има тешка задача. Во третото коло најверојатно ќе го дочека Бугаринот, Григор Димитров од кого загуби неодамна на Мастерсот во Мадрид.

Многу поголема среќа во ждрепката имаше Федерер. Освен што до финалето ги избегна двајцата фаворити, тој во првите две кола ќе игра со квалификанти, а ако стигне до полуфиналето, најтешкиот можен противник му е Давид Ферер кој е четврти носител.

Вториот Грен слем оваа сезона почнува недела, а победникот ќе биде познат на 9 јуни. Титулата ја брани Надал кој е седумкратен победник.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех