Најмалку девет автомобили изгореа, а пожар бил подметнат во две училишта и во една полициска станица во петтата ноќ по ред немири во сиромашните предградија на Стокхолм.
Осум луѓе се приведени поради инцидентите, во кои нема повредени.
Немирите во Стокхолм започнаа во неделата во населбата Хусби кога 40-ина млади лица почнаа да палат автомобили и фрлаат камења кон полицијата поради убиството на еден 69-годишен маж.
Вакви немири во Шведска се невообичаени и затоа предизвикуваат интерес.