Павлески: Претставени бизнис можностите во Македонија на економскиот самит во Астана

Од:

На компаниите учеснички на Eкономскиот форум во Астана претставени им се можностите на Република Македонија како поволна локација за бизнис, како за европскиот пазар, така и за пазарите во Блискиот Исток и азиските делови, изјави министерот за странски инвестиции Бил Павлески.

Присуството на Економскиот форум во Казахстан оцени дека е од огромно значење бидејќи ги поврзува Европската унија и азиските земји.

– Исто така влијанието на овој форум е огромно затоа што претставници од 130 земји ги презентираат нивните решенија што фактички би ја решиле финансиската криза и она што се дешава во глобалниот пазар, изјави Павлески.

Македонска делегација предводена од премиерот Никола Груевски од вчера присуствува на Економскиот форум „Астана 2013“.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада