Младите од „Глобал Шејперс Скопје Хаб“ со визии како треба да изгледа Скопје во следните 50 години

Од:

Младите од „Глобал Шејперс Скопје Хаб“, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје, направија водич за тоа како треба да се изгледа Скопје во наредните 50 години за да стане град со подобар животен стандард за идните генерации.

Водичот претставува документ кој дава правец и основа за дејствување на сите чинители во општеството. За да се следи и мери напредокот на сите идни активности, создадени се општи индикатори соодветни за секоја категорија посебно.

– Овој водич претставува насока и рамка за развој на нашиот град низ призмата на 15 различни категории кои што меѓусебно се надополнуваат и испреплетуваат, одејќи во правецот содржан во 165-те визии и мерлив низ општи индикатори соодветни за секоја од тие визии, велат од „Глобал Шејперс Скопје Хаб“.

Оттаму посочуваат дека целта на водичот е да ги инспирира сите да бидат одговорни и да влијаат во изградбата на подобро општество.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција