Онлајн-промоција на „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ

Од:

На фејсбук-страницата на „Литература.мк“ вечер од 19 часот онлајн  ќе биде промовирана интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, издание на „Либи“ –  „Арс Ламина – публикации“.

Авторката Тодоровиќ вели дека долго време го истражувала историското богатство на Скопје со цел соодветно да ја конципира книгата. „Мистериозниот град под калето“ е прва од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“ и го обработува османлискиот период на главниот град.

– Со овој период, всушност, ја почнувам авантурата за Скопје. За оној дел пред Османлиската Империја, за време на Византија има многу малку податоци и затоа се одлучив да почнам од периодот на Скопје под османлиска власт. Серијалот е замислен така што секоја книга ќе обработува различни историски периоди на градот. Понатаму дејството би продолжило во втората книга за Скопје во време на Кралството СХС, постземјотресно Скопје и приказната би се заокружила со модерно Скопје, вели авторката Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска