Пакети со ученички прибори за основци од помалубројните заедници

Од:

Агенцијата за остварување на правата на заедниците денеска почна карван со кој во текот на ноември ќе посети повеќе од 60 основни училишта од сите региони на државата, во кои учат ученици на јазиците на помалобројните заедници во земјава.

Ќе бидат поделени повеќе од 7000 ученички пакети за учениците од прво до трето одделение, надополнети и со маски и дезинфекциски средства, согласно со мерките за заштита од КОВИД-19.

-Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка. Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската Унија, соопшти АОПЗ.

Карванот почна денеска од основното училиште „Тефејуз” во Чаир, каде што наставата се одвива на турски наставен јазик. Заменик-директорот на Агенцијата Џелал Хоџиќ, заедно со Фрејк Јанмат, преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и Илхан Рахман, заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во училиштето поделија 400 училишни сетови на учениците од прво до трето одделение.

Салајдин Зекир, директор на ОУ „Тефјуз“, се заблагодари на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и на Европската Унија за донацијата, која ја оцени како значајна за учениците кога наставата се одвива во услови на пандемија.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски