Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас од денеска е во превентивен карантин, по средба со лице кое беше потврдено дека е позитивно на коронавирусот, соопштија попладнево од грчкото МНР.
Според дел од грчките медиуми, станува збор за амбасадорот на Грција во Анкара, кој е позитивен на Ковид-19.
Попладнево Дендијас требаше да се сретне со неговиот египетски колега Самех Шукри, меѓутоа средбата e откажана.