Одрон од карпа на патот кај Долно Косоврасти, прекинат сообраќајот меѓу Дебар и Маврово

Од:

Серијата потреси во поширокиот дебарски регион во текот на денешниот ден ги разнишаа карпите. Попладнево,дваесетина минути по последниот потрес, голем одрон од околу 200 кубни метри камен се урна на коловозот кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар – Маврово, поради што сообраќајот е во прекин.

Според досегашните информации, во моментот на паѓањето на одронот немало возила ниту пешаци. Локланата власт веќе обезбеди потребна механизација и заедно со екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ треба да почне расчистувањето на одронот.

Поголем број граѓани кои се жители на селата од долнореканскот регион како и од Жупа кои прсотојувале во Дебар или работат во градот, поради одронот делот од овој пат го минуваа пеш.Веќе се содзаде поголема колона на возила.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска