Нова смена во Пентагон: Оставка поднесе шефот за одбранбена политика Џејмс Андерсон, го менува генерал Ентони Тата

Од:

Вршителот на должноста шеф на оделот за одбранбена политика на Пентагон, Џејмс Андерсон синоќа поднесе оставка и веќе е заменет со контроверзниот пензиониран американски генерал Ентони Тата, познат по своите исламофобични коментари и по тоа што поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го нарече „терористички лидер“, наведуваат американските медиуми.

Андерсон поднесе оставка само еден ден откако актуелниот американски претседател Доналд Трамп го разреши министерот за одбрана Марк Еспер, соопштија двајца неименувани американски одбранбени претставници.

Не е јасно дали од Андерсон било побарано да поднесе оставка, пренесува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека Андерсон беше вршител на должноста потсекретар за одбранбена политика откако Трамп во февруари годинава го отпушти Џон Род.

Американските медиуми наведуваат дека Тата во 2018 година на Твитер објавил дека исламот е „најрепресивната насилна религија“ што ја познава и притоа поранешниот американски претседател Барак Обама го нарече „терористички лидер“ и муслиман.

Американските медиуми, исто така, Тата го опишуваат како лојална личност на Трамп и како поранешен коментатор на Фокс Њуз.

Трамп завчера соопшти дека го смени министерот за одбрана Марк Еспер и најави дека неговото место ќе го заземе директорот на Националниот центар за борба против тероризмот, Кристофер Милер.

Трамп на Твитер објави дека Милер ќе биде вршител на должноста министер за одбрана и дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија