Општина Дојран потпиша меморандум со меѓународната невладина организација „Милиеуконтакт Македонија“ со што доби партнер во зачувувањето на животната средина преку грижа за Дојранското езеро и неговиот биодиверзитет.
Градоначалникот Анго Ангов истакна дека договорот со партнер, кој ќе ги стави на располагање сите експерти од областа на животната средина и екологија, во старт ќе значи зголемен капацитет за општина Дојран во изработката ,аплицирањето за проекти и добивањето средства за нивна реализација.
Додаде дека ќе се формираат тимови од општината кои заедно со експертите ќе работат и ќе се обучуваат и за таа цел на располагање се ставаат трите реконструирани куќи покрај езерскиот брег кои ќе служат како научно-едукативни центри.