Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга организираат меѓународна книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2013 што ќе се одржи на 5 и 6 јули во Струга.
Според програмата, на 5 јули во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга ќе се промовираат наградените книги „Мисија“ од Петре Димовски, добитник на наградата „Крсте Чачански“ за 2013 година и „Вистинијана“ од Витомир Долински, добитник на наградата „Јован Котески“ за 2013 година. Потоа ќе има реч за добитниците, читање фрагменти од наградените дела и свечено доделување на наградите.
На 6 јули во црквата „Свети Ѓорѓија“ ќе се одржи поетски митинг „Струшки книжевни бранови“. Ќе има реч за добитникот на наградата „Голема струшка повелба“ и доделување на наградата.