Бајден: Чест ми е што сум избран за претседател на САД

Од:

Америка, чест ми е што ме избравте да ја водам нашата голема земја., напиша предмалку на Твитер кандидатот за претседател на САД Џо Бајден.

„Работата што не чека ќе биде тешка, но ви го ветувам ова: Јас ќе бидам претседател на сите Американци – без разлика дали гласавте за мене или не. Ќе ја оправдам вербата која ми ја дадовте“, напиша Бајден, кој ќе биде 46. претседател на САД.

Според проекциите на Си Ен Ен, Асошиејтед прес, Њујорк Тајмс и повеќе медиуми, кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки, прогласија дека Бајден победил во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и надминувајќи го минимумот од 270. Засега тој има 273 електорски гласови од можни 538.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски