Застојот во броењето во Пенсилванија поради 38.000 гласови

Од:

Демократскиот кандидат Џо Бајден денеска можеше да биде прогласен за 46-ти претседател на САД, но дојде до застој во броењето во Пенсилванија, која моментално е клучна држава во однос на резултатите од изборите.

Според „Сан Франциско Кроникл“, спорни се 38.000 гласачки ливчиња, поради што, од технички причини, во моментов е невозможно да се знае резултатот од гласањето во оваа држава, но се претпоставува дека тие наскоро ќе бидат отстранети.

Државата Пенсилванија е многу важна затоа што носи 20 електорски гласови, а Бајден во моментов има 253 гласа, и со тие 20 тој би ги надминал неопходните 270 гласови, кои го одредуваат претседателот.

Друга опција да се прогласи победник на изборите е да се добијат резултатите од Аризона и Џорџија, кои носат 11 и 16 електорски гласови, со што Бајден повторно би ја надминал бројката од 270 електорски гласови и би станал претседател.

Во двете држави Бајден е на чекор до победа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Бајден му нареди на Пентагон: Прилагодете ги позициите на американската војска на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Бајден: Смртта на шефот на Хезболах е мерка за правда

Горан Наумовски

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени